ПУКНА НА КРИМ! Еден војник го загуби животот
Еден украински војник загина, а уште еден е повреден во напад на украинска воена база во Симферопол на Крим. Портпаролот на украинската одбрана Владислав Селезњов изјавил дека не е познато кои биле напаѓачите на базата, но нив ги опишал како „непознати воени сили, под полна воена опрема и со замаскирани лица“.
Вкупно 38 украински воени бази на Крим се блокирани од руските воени трупи кои пристигнаа на полуостровот. Тие на украинските војници им ги одземале и мобилните телефони, но до сега не беше регистриран оружен инцидент со повредени војници.
Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук го нарече ваквиот инцидент „воено злостроство“. Тој закажа итна седница на Владата на која нагласи дека конфликтот со соседна Русија околу Крим влегува во „воена фаза“.
Слично
