Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукање во Волмарт во САД: Едно лице загина, полицијата го уби напаѓачот

Пукање во Волмарт во САД: Едно лице загина, полицијата го уби напаѓачот

Вооружен маж отворил оган во Волмарт во Евансвил, ранил една жена, а бил убиен во престрелка со полицијата.

Полицијата одговорила на пријава за активен пукач синоќа околу 22 часот по локално време во продавница во Евансвил, објави локалната телевизија.

Полицискиот наредник Ана Греј во Евансвил изјави дека полицајците влегле во зградата и отвориле оган, а полицајците возвратиле и го убиле напаѓачот.


Според извештаите, нема повредени полицајци.

Најмалку едно лице е погодено со куршум и е пренесено во болница, а засега не се знае колку се сериозни повредите, изјави претставникот на полицијата, додавајќи дека можно е да има повеќе ранети.

Евансвил е град со околу 116.000 жители, на реката Охајо, кој се наоѓа на околу 276 километри југозападно од Индијанаполис.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести