Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ШВЕДСКА: Најмалку 10 луѓе се убиени

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ШВЕДСКА: Најмалку 10 луѓе се убиени

Најмалку 10 луѓе се убиени во пукотницата во училиште во Еребро, 200 километри од шведскиот главен град Стокхолм. Настанот се случил во кампус со повеќе образовни институции.

Како осомнилен сторител е идентификуван 35-годишен маж. Според информациите на шведската телевизија ТВ 4, напаѓачот е мртов, откако си пукал во глава. Полициската акција сè уште е во тек.

„Ова е неверојатно трагичен настан за сите“, изјави Роберто Еид Форест, началник на локалната полиција во Еребро.

На прес-конференција тој изрази верување дека е примарниот сторител е идентификуван.

„Но, не исклучуваме можност дека се вклучени повеќе луѓе“, додаде Форест.

Болницата во Еребро објави дека минала на итен начин на работа. Информираа дека се примени шест пациенти, сите возрасни, од кои пет со прострелни рани, а четири оперирани.

Слично

Поврзани вести