ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
На плажата Бонди во Сиднеј се случи масовно пукање, при што загинаа и беа повредени неколку лица. Вкупно 25 единици на брза помош, вклучувајќи хеликоптери и тимови за интензивна нега, беа распоредени на терен, според австралиските медиуми.
Полицијата во Нов Јужен Велс (NSW) во Австралија објави дека пукањето во Сиднеј, во кое беа убиени најмалку 12 лица, официјално е прогласено за терористички напад и дека целта била еврејската заедница.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, потврди дека вкупно 12 лица загинале, вклучувајќи го и еден напаѓач.
„Овој кукавички чин на ужасно насилство е шокантен и длабоко вознемирувачки и е реализација на нашите најлоши стравови кога станува збор за тероризам во Сиднеј“, рече Минс.
„Нападот е намерно извршен на првиот ден од Ханука“
Дали имало трет напаѓач на плажата?
Тој изјави дека нападот бил намерно извршен на првиот ден од Ханука, кога еврејската заедница требало да го прослави празникот во мир и радост со своите семејства.
„Она што требаше да биде вечер на мир и прослава се претвори во ужасен и злобен напад“, рече премиерот, додавајќи дека ќе следи „масовен и сеопфатен полициски и безбедносен одговор“.
Полицискиот комесар на Нов Јужен Велс, Мал Лењон, изјави дека 29 лица се однесени во болници низ Сиднеј, вклучувајќи двајца полицајци. Според него, состојбата на повредените варира, но повредите се сериозни.
„Пукањето е официјално прогласено за терористички инцидент“, рече Ланион, додавајќи дека полицијата истражува можност трет напаѓач да бил вмешан во нападот.
Премиерот Минс испрати порака на солидарност до еврејската заедница во Австралија.
„Срцата ни крварат вечерва за австралиската еврејска заедница. Одговорност на сите Австралијанци е да застанат со нив и да им помогнат во ова исклучително тешко време“, рече тој.
Истрагата е во тек, а полицијата ги засили безбедносните мерки низ Сиднеј.
