Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ ВО ПРАГА: Има најмалку 11 мртви и повеќе од 20 повредени

ПУКАЊЕ ВО ПРАГА: Има најмалку 11 мртви и повеќе од 20 повредени

Во пукањето во чешкиот главен град Прага има најмалку 11 мртви и повеќе од 20 повредени. 

Загина и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. 

„Бројките сепак може да се променат“, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање на Карловиот универзитет.

Целиот плоштад Јан Палах и околината е целосно затворен. Според портпаролката на факултетот Тереза Маркова, на персоналот и на студентите им е наложено да се затворат во канцелариите и училниците. 

Според изјавите на сведоците на социјалните мрежи, пукотници се слушале и надвор и внатре во зградата. Напаѓачот се движел на четврти кат и на покривот. Некои луѓе се качиле на прозорците и се држеа за праговите, други избегаа на покривот, други се забарикадираа.

Градските власти информираат дека на местото на настанот се наоѓаат и психолози кои веднаш можат да укажат помош на засегнатите.

фото МИА

Слично

Поврзани вести