Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукање во Минхен: Полицијата уби вооружен маж при размена на оган во близина на израелскиот конзулат (ВИДЕО)

Пукање во Минхен: Полицијата уби вооружен маж при размена на оган во близина на израелскиот конзулат (ВИДЕО)

Полицијата во Минхен утрово убила маж во размена на оган во близина на израелскиот конзулат, јавува Асошиејтед прес.

Според портпаролот на полицијата, до размена на оган дошло кога полицајците пристигнале на местото на настанот во близина на центарот на Минхен по пријавите за сомнителен маж кој носел оружје во областа. Портпаролот Андреас Франкен рече дека осомничениот претрпел фатални повреди, но нема индикации дека некој друг е повреден.

Франкен не го идентификуваше осомничениот и рече дека мотивот засега е непознат. Мажот, кој носел античко огнено оружје, починал на местото на настанот.

Според АП, денеска се одбележуваат 52 години од нападот на палестинските милитанти врз израелската делегација на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, кој резултираше со смрт на 11 членови на израелскиот тим, еден западногермански полицаец и пет напаѓачи. Сепак, останува нејасно дали инцидентот утринава на некој начин е поврзан со годишнината.


Од полицијата велат дека нема индиции дека повеќе луѓе се поврзани со инцидентот, но дека е зголемен бројот на патроли низ градот.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека конзулатот во Минхен бил затворен кога се случило пукањето и дека нема повредени вработени во конзулатот.


Говорејќи на неповрзана прес-конференција во Берлин, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер го опиша пукањето во четвртокот како „сериозен инцидент“, но рече дека не сака да шпекулира што се случило.

Таа подвлече дека „највисок приоритет има заштитата на еврејските и израелските објекти“.

Слично

Поврзани вести