ПУКАЊЕ ВО МАРСЕЈ: Има две жртви и тројца повредени
Пукање имаше во францускиот град Марсеј, каде две лица загинаа, а тројца се повредени.
Престрелката се случила синоќа нешто пред 23:00 часот на паркингот на Мекдоналдс, јави БФМ Марсеј Прованс.
Веднаш е повикана полиција која на лице место нашла возило со пет лица.
Возачот на возраст од 23 години е пронајден мртов, како и еден од патниците. Во истото возило се пронајдени уште три лица, кои биле повредени.
Едно од лицата имало куршум во градите и неговиот живот е во опасност.
Другите две лица се жена повредена во раката и маж повреден од фрагменти од куршум.
Во близина е откриено запалено возило, кое најверојатно го користел напаѓачот.
Слично
