Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукање во Лондон, на мета амбасадорско возило

Пукање во Лондон, на мета амбасадорско возило

Британската полиција денес отворила оган на возило кое удрило во паркиран автомобил на украинскиот амбасадор во Лондон, а амбасадата на Украина соопштила дека нема повредени.

Возилото намерно удрило во службено возило на амбасадорот паркирано пред амбасадата, се наведува во извештајот на амбасадата, пренесе Ројтерс.

Веднаш е повикана полиција, а возилото кое го извршило нападот е блокирано. Сепак, и покрај акцијата на полицијата, напаѓачот повторно удрил во амбасадорскиот автомобил.

Полицијата била приморана да отвори оган на возилото на напаѓачот.

Амбасадата на Украина наведува дека ова не се третира како терористички напад.

Лондонската полиција соопштила дека еден маж е уапсен по инцидентот.


Фото: 

EPA/FACUNDO ARRIZABALAG

Слично

Поврзани вести