Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ ВО ХОТЕЛ: Трамп е евакуиран, едно лице е приведено

ПУКАЊЕ ВО ХОТЕЛ: Трамп е евакуиран, едно лице е приведено

Американскиот претседател Доналд Трамп беше брзо извлечен од сцената од припадници на американската Тајната служба, откако за време на годишната вечера на Асоцијацијата на дописници од Белата куќа во Вашингтон се слушнале истрели. Според американските медиуми, едно лице е приведено, а Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс и членовите на кабинетот се безбедни.

Инцидентот се случил во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувал настанот. 

Подоцна, Тајната служба на САД соопшти преку платформата „Икс“ дека едно лице е приведено.

Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ напиша дека „нападот е спречен“ и им се заблагодари на припадниците на Тајната служба и на полицијата за, како што наведе, „брзата и храбра реакција“.

„Напаѓачот е приведен“, напиша Трамп, пофалувајќи ги безбедносните служби.

Во следна објава, неколку минути подоцна, американскиот претседател соопшти дека се враќа во Белата куќа по барање на безбедносните служби и најави прес-конференција.

Новинарот на „Си-Ен-Ен“, Волф Блицер, изјави дека бил „на неколку чекори од напаѓачот“ во моментот на пукањето.

 Фото: Доналд Трамп, Трут Соушал

Слично

Поврзани вести