Пукање во Алабама: Влегол во црква и почнал да пука, има мртви
Две лица загинаа, а едно е повредено кога едно лице синоќа пукало во мала група собрана во црква во близина на еден од големите градови во американската сојузна држава Алабама, пред да интервенира полицијата, соопштија тамошните власти.
Нападот се случил во црква во предградието на Бирбингам, Веставија Хилс, соопшти полицијата, додавајќи дека таа веднаш пристигнала на местото кога добила повик дека има активен напаѓач.
„Како што ги разбравме околностите, еден самостоен осомничен влезе на состанок на мала група во црквата и почна да пука.
„Три лица се погодени, двајца се убиени, а едно е пренесено во болница со непознати повреди“, додаде полицијата и истакнал дека напаѓачот е приведен.
Полицијата не го идентификуваше осомничениот или жртвата, ниту пак даде дополнителни детали за нападот, а за денеска е предвидено обраќање на новинарите.
фото: Screenshot CNN
