Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА - застрелан маж од Индијана

ПУКАЊЕ ПРЕД БЕЛАТА КУЌА - застрелан маж од Индијана

Тајната служба на САД рано утринава застрела вооружен маж од Индијана, кој бил на еден блок од Белата куќа, откако локалните полициски власти ја известиле агенцијата за „самоубиствен поединец“, соопшти агенцијата.

„Агентите на тајната служба беа вклучени во пукање по вооружена средба со лице од интерес веднаш по полноќ на 9 март на 17th и G Streets NW“, потврди портпаролот на Тајната служба Ентони Џулиелми на платформата X, објави Њујорк пост.

Неидентификуваниот маж се упатил пеш кон познатата авенија Пенсилванија, каде што агентите на Тајната служба го пронашле веднаш по полноќ.

Дошло до „вооружена пресметка“ кога мажот извадил огнено оружје.

Агентите на тајната служба биле принудени да отворат оган врз мажот, кој потоа бил пренесен во локална болница во непозната состојба, соопшти агенцијата.

Ниту еден член на Тајната служба не е повреден, се вели во соопштението на агенцијата.


Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на пукањето престојувал на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.

Се верува дека мажот, за кој се вели дека сакал самоубиство, пристигнал од Индијана во главниот град во саботата, поради што локалната полиција ја известила Тајната служба.

Засега не се знае кои биле неговите мотиви, ниту дали имал намера да направи нешто.

Истрагата за пукањето ја води Одделот за внатрешни работи на полицијата во Вашингтон.

Фото: Притнскрин/Х

Слично

Поврзани вести