Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПУКАЊЕ КОН АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЛИБАН: Војници отвориле оган врз напаѓачот (ВИДЕО)

ПУКАЊЕ КОН АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЛИБАН: Војници отвориле оган врз напаѓачот (ВИДЕО)

Припадник на обезбедувањето на американската амбасада е ранет денеска во Бејрут, Либан, во напад врз амбасадата, во кој учествувале тројца напаѓачи.

Еден од нив е убиен, друг ранет, а потерата по третиот напаѓач е во тек, пренесува либанскиот портал ЛБЦ, пренесува „Политика.рс“.

Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и дека повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница, пренесува АП.

Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.

Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот на амбасадата не бил повреден за време на нападот.

Вознемирувачко видео:


Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести