ПУКАЊЕ КАЈ БАРСЕЛОНА: Застрелан човек кој носел експлозивен појас
Шпанската полиција која е во потрага по главниот осомничен од нападот во Барселона , западно од градот застрела човек кој на себе носел експлозивен појас, пренесе Би-би-си.
Пукањето се случило на пат во Субиратс. Претходно, полицијата потврди дека трагала по 22-годишната Јунис Абујаакуб, осомничен дека го возел комбето директно во десетици луѓе во Лас Рамблас. Полицијата не потврди дали застреланото лице е Абујаакуб.
Според извештаите во медиумите кои цитираат полициски извори, човекот кој е застрелан во Субиратс извикувал „Алах Акбар” („Бог е голем”).
Операцијата се случила на 40 километри од Барселона, каде во нападот во четвртокот во Лас Рамбас беа убиени 13 лица.
Слично
