Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пукала во зградата на Јутјуб па се самоубила

Пукала во зградата на Јутјуб па се самоубила

Загрозена безбедноста во седиштето на компанијата Јутјуб .

Вооружена жена упадна денеска во седиштето на компанијата ЈуТјуб во градот Сан Бруно во Калифорнија при што ранила најмалку четири луѓе, соопшти полицијата.

Таа подоцна е пронајдена мртва и најверојатно сама се застрелала. Нападот се случи попладне по локално време и според првичните информации, жената која пукала носела шамија на главата.

– Настрадала најверојатно од раните што сама си ги нанела со огнено оружје, соопшти полицијата.

Локални медиуми јавија дека најмалку еден од повредените е во критична состојба.

Комапнијата Гугл кои се сопственици на ЈуТјуб објавија дека го истражуваат инцидентот. 


извор: МИА

Слично

Поврзани вести