ПУКАЛ СО КАЛАШЊИКОВ, ПРОНАЈДЕНИ 200 КУРШУМИ: Украинскиот војник е фатен во блиската шума, се соочува со најстрога казна за масовно убиство
Војникот на
украинската национална гарда, Артем Рјабчук, беше фатен откако уби пет лица и
рани уште пет други во фабрика за оружје во централна Украина.
Информацијата ја објави министерот за внатрешни работи Антон Герашченко на Фејсбук, наведувајќи дека бил фатен во областа на Дњепропетровск. Засега не се познати мотивите за овој крвав чин, но она што го потврдија украинските служби, Рјабчук не бил под засилен надзор и ништо не укажувало на психички проблеми со овој војник.
Фатен е во блиската шума каде што побегнал по масакрот, и со себе имал калашников и 200 куршуми. Потрага траела со часови пред осомничениот да биде уапсен.
Како што напиша министерот за внатрешни работи Антон Герашченко, 21-годишниот Рјабчук е од градот Измаил во Одеса, роден во 2001 година. Тој рече дека ќе се истражува дали бил изложен на притисок од колегите, но и како ги положил прегледите врз основа на кои добивал дозволи за употреба на оружје.
„Во секој случај, го чека најлошата можна казна за масовно убиство“, напиша тој.
Инаку, утринава, украинскиот војник уби четворица војници и една жена, работничка во фабриката, а меѓу петтемина повредени има уште една жена војник.
