Пукачот од Лас Вегас бил милионер, нешто не штима
Полицијата во Лас Вегас се соочува со потешкотии да ги детектира мотивите на 64 годишниот Стивен Падок кој вчера изврши масовно пукање во Лас Вегас каде пукаше во насобрана група на луѓе кои следеа концерт пред хотелот Манделеј беј. Тој уби 59 луѓе, при што ранети се уште 550, а за неговите причини тешко е веднаш да се даде одговор бидејќи полициски специјалци упаднаа во неговата соба и го убија на лице место.

Засега се открива дека Падок бил инвеститор во недвижности и имал милиони на сметка, нема криминално досие ниту пак проблематично минато. Неговиот брат Ерик исто така тврди дека Падок немал никаква причина да изврши ваков масакр. ИСИС тврдеше дека Падок убивал во нивно име, но ФБИ побрза да ја побие ваквата теорија бидејќи пукачот немал допирни точки со радикализација.
За Падок не е познато ни дали членувал во некоја политичка партија или организација, неговите мотиви се целосна мистерија. Тој носел дури 10 автоматски пушки со себе и бил вооружан до заби.

Се открива дека неговиот татко Бенџамин бил на листата на најбарани криминалци на ФБИ откако во 70-тите години побегнал од затвор од Тексас каде лежел казна за ограбување на банки. Можеби постои генетска поврзаност, но од грабежи на банки до масовно пукање има огромна разлика.Падок исто така се коцкал во Лас Вегас, но немал огромни долгови.
