Економија, финансии, бизнис

Контакт

Птичји грип се шири во Европа

Птичји грип се шири во Европа

Птичји грип се шири во повеќе европски земји. Тој e потврден и во фарма во централна Англија. 

Високо патоген птичји грип тип Х5 се појави на мала живинарска фарма во централна Англија. Сите птици ќе бидат уништени.

Болеста се појави помалку од една недела откако Велика Британија прогласи национална зона за превенција од птичји грип, наредувајќи им на фармите и на луѓето кои чуваат птици да ги заострат мерките за биосигурност.

Полска пријави појава на птичји грип Х5Н1 на неколку живинарски фарми со вкупно 650.000 птици, објави во понеделникот Светската организација за здравје на животните (ОИЕ).

Вирусот се шири низ Европа во изминатите неколку седмици и е потврден во Франција, Германија, во Италија, во Холандија и во Данска.

Слично

Поврзани вести