Економија, финансии, бизнис

Контакт

Психијатар на ЦИА во иста група ги смести Вучиќ, Путин и Обама

Психијатар на ЦИА во иста група ги смести Вучиќ, Путин и Обама

Професорот по психијатрија, политичка психологија и надворешни работи, Џерод М. Пост цели 21 година работеше за ЦИА, при што тој направи анализа и за актуелниот српски претседател, Александар Вучиќ.

Како што пренесува Al Jazeera, во неговата книга тој ги поделил светските лидери во неколку групи, а магазинот Newsweek во своето српско издание ја анализираше најголемата група на лидери кои сакаат да успеат и имаат огромно чувство на самобендисаност и љубов кон самите себеси. Во таа категорија се наоѓа и српскиот претседател Александар Вучиќ, а друштво му прават и Барак Обама,  и Владимир Путин.

„Значаен аспект на овој тип на лица на власт претставува начинот на кој тие се обидуваат да ги задоволат нивните психолошки потреби. Примарната цел им е да стекнат признание, популарност и слава. Таа желба за признание доаѓа од нивната егоцентричност, силни амбиции и грандиозни фантазии. Потезите на овие личности имаат една позадина – несигурноста во самите себе. Тоа е познато како „комплекс на Нобелова награда“, односно преголема желба за признание“- пишува Пост.

Додава дека луѓето кои се во оваа група имаат склоност да ги искористуваат другите луѓе, притоа опкружувајќи се со луѓе кои нема да им се противат и тие уживаат во љубители, фанови и луѓе кои постојано ќе им кажуваат колку вредат.

Слично

Поврзани вести