Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првпат по шест месеци, деловната клима во Германија се влоши

Првпат по шест месеци, деловната клима во Германија се влоши
Германската деловна клима благо се влоши во октомври, прв пат за шест месеци, покажа денеска извештајот на угледниот економски институт Ifo. Индексот кој го изработува институтот Ifo со седиште во Минхен се спушти во тековниот месец на 107,4 поени, од 107,7 поени, колку што изнесуваше во претходниот месец. Компаниите помалку оптимистички ги оценуваат своите деловни изгледи во наредните шест месеци, а нивната проценка на актуелната деловна ситуација е нешто помалку позитивна, се толкува во соопштението на Ifo. Институтот го изработува индексот врз основа на редовна месечна анкета во која учествуваат челниците на околу 7.000 германски претпријатија. Влошени се очекувањата во сите сектори, вклучително во индустријата, градежниот сектор, велепродажбата, малопродажбата и услугите, наведуваат од институтот.
Слично

Поврзани вести