Првото работно место на озлогласените диктатори
Сте се запрашале ли некогаш што работеле озлогласените лидери, пред да станат диктатори? Повеќето од нив се занимавале со секојдневни работи, како на пример учители или уметници, пред да заведат тоталитарни режими во своите земји.
Бенито Мусолини
Италијанскиот фашист на пример, Мусолини работел како учител, за подоцна да се насочи кон политичко новинарство.
Ким Ил Сунг
Севернокорејскиот диктатор се приклучил на герилскиот отпор против јапонската окупација во 1930-та година, а подоцна управувал со корејскиот контингент како мајор на советската војска во Втората светска војна.
Сталин
Мајката на Сталин била многу религиозна и сакала син и да стане свештеник. Затоа тој бил испратен во семинаријата, која сепак ја напуштил предвреме. Потоа тој за кратко работел како учител, а подоцна како чиновник во опсерваторијата во Тбилиси.
Хитлер
Еден од најозлогласените диктатори Адолф Хитлер, бил заинтересиран за ликовна уметност, иако неговиот татко тоа не го одобрувал. Повремено работал како сликар во Виена, но два пати бил одбиен на Академијата за ликовни уметности.
Николае Чаушеску
Некогашниот лидер на Романија Николае Чаушеску завршил само основно училиште, после што го напуштил своето село и почнал да раbоти како чирак во работилница за чевли.
Слично
