Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првомајски протести во Париз и судири со полицијата

Првомајски протести во Париз и судири со полицијата

Во Париз повеќе синдикати ги повикаа граѓаните на протест, во кој се бараше да не се усвојува новата реформа на Законот за работни односи.

Според Министерството за внатрешни работи на протестот излегле околу 85.000 луѓе во повеќе градови во Франција и тоа Нант, Тулуз, Бордо, Марсеј. На протестот во француската престолнина имаше нереди кога повеќе млади со маски на лицата се судрија со полицијата.

Женското движење „Фемен“ се појави на настанот, што по повод Први мај го организираше екстремно десната партија Национален фронт. Тие скандираа „Да живее крајот на НФ” облечени во светкави мини здолништа и со голи гради. Поддржувачите на НФ им порачуваа на полицајците, кои ги приведоа припадничките на „Фемен“, „Ставете ги под тркалата на камионите” и „Немојте да бидете нежни со нив!”.  Негодувањето за законот трае два месеци.

Слично

Поврзани вести