ПРВО ТРАНСПЛАНТИРАНО ОКО ДОБИ АМЕРИКАНСКИ ВЕТЕРАН: „Го отвораме патот за за враќање на видот на милиони луѓе“
Арон Џејмс, кој преживеал незгода од електричен напон, бил
подложен на 21 часовна операција која му заменила половина од лицето.
Експертите го нарекоа овој чекор клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони луѓе. Џејмс, работник на високонапонска комунална линија од Арканзас, изгубил поголем дел од лицето кога случајно допрел жица под напон од 7.200 волти во 2021 година.
На 27 мај оваа година, тој беше подложен на ретка делумна трансплантација на лице покрај трансплантацијата на око - во која беа вклучени повеќе од 140 здравствени работници.
Хирурзите од NYU Langone Health, кои ја извршија комплицираната операција, во четвртокот рекоа дека 46-годишниот Џејмс добро закрепнува од двојната трансплантација и дека донираното око изгледало неверојатно здраво. Неговото десно око сè уште функционира, пренесува BBC.
„Самиот факт дека ја направивме првата успешна трансплантација на цело око со лице е огромен подвиг за многумина кои долго време мислеа дека не е возможен“, рече д-р Едуардо Родригез, еден од водечките хирурзи во тимот. „Направивме еден голем чекор напред и го отворивме патот за следното поглавје за враќање на видот.
Лекарите велат дека операцијата на Џејмс им нуди на научниците невиден прозорец за тоа како човечкото око се обидува да заздрави.
„Ние не тврдиме дека ќе го вратиме видот“, изјави д-р Родригез за ABC News. „Но, нема сомнеж дека сме чекор поблиску.
Лекарите рекоа дека има директен проток на крв во мрежницата - делот од окото што испраќа слики до мозокот. Иако нема сигурност дека Џејмс ќе го врати видот на своето ново око, лекарите не ја исклучуваат таквата можност.
Џејмс, воениот ветеран, ќе продолжи да биде следен од лекари, но напредокот што го виделе со окото е „исклучителен“, вели Брус Е. Гелб, доктор на науки, хирург за трансплантација на Универзитетот во Њујорк.
ФОТО: BBC/Print Screen