Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО СИТЕ ВАКЦИНИ ШТО СТЕ ГИ ВЕТИЛЕ НА ЕУ, ПА ПОТОА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ - еве што и порача Фон дер Лајен на АстраЗенека

ПРВО СИТЕ ВАКЦИНИ ШТО СТЕ ГИ ВЕТИЛЕ НА ЕУ, ПА ПОТОА ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ - еве што и порача Фон дер Лајен на АстраЗенека

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека компанијата АстраЗенека повеќе не може да извезува вакцини против ковид-19 од Европа во други региони, сè додека не ги исполни своите договори со Европската унија.

„Мислам дека на АстраЗенека ѝ е јасно дека мора да го испочитува договорот што го има со земјите-членки на ЕУ, пред да почне повторно да извезува вакцини“, рече Фон Дер Лајен по состанокот на Европскиот совет.

Таа нагласи дека обврска на ЕУ е да им покаже на своите граѓани дека и тие ќе го добијат својот фер удел во дистрибуцијата на вакцините и оти затоа компаниите се должни да ги почитуваат нивните договори со ЕУ пред да извезуваат во други региони.

Слично

Поврзани вести