ПРВО СЕ ЗАТРЕСЕ ТЛОТО, А ПОТОА НЕБОТО ПОЦРНЕ: Силна експлозија во Леверкузен, граѓаните да не излегуваат
Германскиот град Леверкузен утринава го потресе силна експлозија, а според реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, прво се затресло тлото, а потоа небото станало црно.
Екплозијата била толку силна што дури ја почувствувале жителите на околните населби, оддалечени и по повеќе од 10 киолметри од Леверкузен, а граѓаните на Келн кој е дури 18 километри оддалечен од Леверкузен ја почувствувале силната миризба.
Германските медиуми пишуваат екплозијата се случила во постројка за согорување отпад во гратчето Бирг, веднаш до Леверкузен, по што Сужбата за цивилна заштита и помош од катастрофи (ББК) ги предупреди граѓаните да останат во нивните домови поради страв од опасно истекување на гас.
Слично
