Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО РЕКОА ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА, СЕГА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ Е ЛУКСУЗ - СЗО со нов став за третата доза

ПРВО РЕКОА ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА, СЕГА ВЕЛАТ ДЕКА НЕ Е ЛУКСУЗ - СЗО со нов став за третата доза

Трета, зголемена доза на вакцината против ковид-19 е начин да се заштитат најранливите, а не „луксуз“, соопшти денеска Светската здравствена организација.

СЗО претходно овој месец рече дека податоците не укажуваат дека има потреба од дополнителни вакцинации и дека ревакцинацијата на целосно вакцинирани лица дополнително ќе ја зголеми нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните земји.

„Третата доза на вакцината не е луксуз, одземена од некој друг што се уште ја чека првата доза. Тоа е начин да се заштитат најранливите“, рече Ханс Клуге, шеф на СЗО Европа, на брифинг со новинарите.

Клуге, исто така, рече дека порастот на стапката на пренос на Ковид-19 низ Европа во текот на изминатите две недели, со ниски стапки на вакцинација во некои земји, е длабоко загрижувачки.

Извор. Индекс.хр

Слично

Поврзани вести