Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво реформи, потоа американска помош за Египет

Прво реформи, потоа американска помош за Египет

Египет треба да побрза со спроведувањето на економските реформи ако сака да добие кредит од 4,8 милијарди долари од ММФ, како и дополнителна американска помош, повика државниот секретар на САД, Џон Кери .

Според анонимен претставник на САД, Кери разговарал цел час со египетскиот претседател Мохамед Морси за сириската криза, израелско-палестинскиот конфликт и проблемите на египетската економија.

Притоа Кери му побарал итно спроведување реформите во Египет, ако сакаат дополнителна помош. На почетокот на оваа година Кери вети дека ќе биде исплатена првата транша од 190 милиони долари од вкупните 450 милиони, кредит за помош на Египет.

Слично

Поврзани вести