Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ПРИЗНАНИЕ НА РУСИЈА - има жртви и повредени на наша страна, Украина тврди дека се 4.300

ПРВО ПРИЗНАНИЕ НА РУСИЈА - има жртви и повредени на наша страна, Украина тврди дека се 4.300

Русија денеска за првпат од почетокот на војната во Украина, од пред четири дена, призна дека има жртви во своите редови, јави ДПА.

„Руските војници покажуваат храброст и херојство во извршување на специјалната операција, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков, пренесе агенцијата ТАСС“. „За жал, меѓу нашите соборци има загинати и повредени.

Конашенков не даде точни бројки, но нагласи дека загубите се многукратно помали од бројот на „истребени националисти“ на украинската страна.

Украина денеска информира дека досега се убиени околу 4.300 руски војници. Меѓутоа, овие бројки не можат да се потврдат од независни извори. 

Слично

Поврзани вести