Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво полицијата, а сега штрајк на војската во Португалија

Прво полицијата, а сега штрајк на војската во Португалија

На два дена пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел на Португалија,  илјадници португалски војници излегоа синоќа на демонстрациите против мерките за штедење.

Околу 10.000 припадници на армијата, со различен ранг, протестираа против „неоправданите кастрења“ на плоштадот Реставрадореш, во центарот на градот, и го повика претседателот Анибал Каваку Силва да стави вето на спорниот рестриктивен буџет, одобрен од владата.

Меркел инсистира земјите, како Португалија, Грција и Шпанија, да ги намалат своите трошоци за да ги ограничат своите растечки државни долгови.

Покрај буџетските кратења, војниците го искажаа својот револт поради недоволното финансирање на армијата за поддршка и ремонт на опремата и за воената обука.

Неколку дена претходно, 5.000 полициски службеници учествуваа во најголемиот полициски протест во историјата на Португалија.

Слично

Поврзани вести