Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ОБРАЌАЊЕ НА ХЕЗБОЛАХ ДЕНЕСКА ПО ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ: Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан

ПРВО ОБРАЌАЊЕ НА ХЕЗБОЛАХ ДЕНЕСКА ПО ГОЛЕМИТЕ ЗАГУБИ: Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан

Заменик-шефот на Хезболах наскоро ќе и се обрати на јавноста, објави телевизискиот канал на либанската група Ал-Манар. Тоа ќе биде прв ваков говор откако лидерот Хасан Насрала беше убиен во израелски напад, пренесува AFP.

Аналитичар: Многу е веројатна копнена инвазија на јужен Либан

Израелските ТВ канали наздравија за нападите, политичарите делеа слатки и чоколади. Во Израел чувствуваат дека постигнале голема победа и дека сега имаат можност да го променат односот на силите, пишува аналитичарот на Би-Би-Си Џереми Боуен.

„Меѓутоа, ако земете предвид дека нивната стратешка цел со Хезболах е да вратат повеќе од 60.000 луѓе во градовите во северен Израел, атентатот на лидерот на Хезболах Хасан Насрала не ги приближува до тоа“, забележува тој.

„Хезболах сè уште истрелува ракети. И покрај тоа што тие не предизвикуваат голема штета на израелските цели, луѓето не можат да се вратат во своите домови додека трае. Значи, прашањето е што ќе направи Израел следно - една можност е копнена инвазија на јужен Либан и би рекол дека е многу веројатно“, вели Џереми Боуен.

фото: EPA-EFE/AHMED JALIL

Слично

Поврзани вести