Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО НОСЕТЕ, ПА НЕ НОСЕТЕ МАСКИ, ЕПИДЕМИОЛОГОТ ФАУЧИ ПРИЗНА ДЕКА МОЖЕБИ ЗГРЕШИЛ: Мерките поттикнаа антиваксерство

ПРВО НОСЕТЕ, ПА НЕ НОСЕТЕ МАСКИ, ЕПИДЕМИОЛОГОТ ФАУЧИ ПРИЗНА ДЕКА МОЖЕБИ ЗГРЕШИЛ: Мерките поттикнаа антиваксерство

Првиот имунолог на САД, експертот за заразни болести кој одигра клучна улога за време на ковид кризата во светот, д-р Ентони Фаучи, призна дека строгите мерки против ковид-19 за кои тој се залагаше во пандемијата во САД можеби поттикнале пад на довербата во рутинското „боцкање“, па и го охрабриле антиваксерството, пишува Дејли Мејл.

Во интервју за Њујорк Тајмс, Фаучи изјави:

– Мислам, речиси е парадоксално, имавте луѓе кои појдоа да се вакцинираат мислејќи, зошто ме принудуваат да го направам тоа? И таа понекогаш таа убава нишка на независност во нашата земја станува контрапродуктивна – изјави најплатениот советник за здравство во Белата куќа кој до крајот на годинавата треба да се повлече од функцијата.

Статијата на Дејли Мејл пренесува како ова „антиваксерско“ колебање кај Американците довело да се намалат и редовните вакцинации кај децата, додека во медиумскиот простор владеел хаос за време на трите кризни години.

Од изјавите дека маските треба да ги носат само оние кои се најизложени, до изјавата дека две дози од вакцината можат да ве направат да не се заразите со коронавирусот, статијата ги става на тапет нејасностите во справувањето со кризата на човекот кој заработува 400.000 долари годишно за да биде советник.

Се смета и дека овие задолжителни мерки чиј креатор меѓу другите е и Фаучи влијаеле на тоа како другите земји во светот ги носеле одлуките за кризата.

Прво не носете маски, потоа мора да ги носите

Пандемијата изби во времето на Трамп, а првиот извештај на тогашната влада беше дека маски треба да носат само луѓето чии професии се први на удар. Фаучи ги советуваше Американците дека „нема потреба“ да носат заштитна маска, дека тоа може да им помогне на луѓето да се чувствуваат малку подобро и да блокираат „по некоја капка“ од вирусот кој се шири околу нив.

Но, помалку од месец подоцна, тој излезе со изјавата дека вирусот се шири токму преку капките во воздухот. Маските во некои држави станаа задолжителни. На прашањето зошто првично ги советувал луѓето да не носат маски, Фаучи се правдаше дека тоа е за да се осигура да има доволно маски за болниците.


Слично

Поврзани вести