Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво место во Европа каде сите се вакцинирани, животот во „старото нормално“

Прво место во Европа каде сите се вакцинирани, животот во „старото нормално“

Со 34.000 жители, Гибралтар можеби и не е најдобар пример за другите, но ова е првото место во Европа каде, благодарение на вакцинацијата, епидемијата е во голема мера надмината. Рестораните се отворени до доцна во ноќта и нема позитивни граѓани на вирусот, пишува Дојче веле.

Бидејќи маските повеќе не мора да се носат на отворено, Саманта Сакраменто постојано има чувство дека нешто заборавила кога шета по улиците.

„Мислам дека сè уште треба да се опоравиме психолошки“, вели министерот за здравство на оваа мала британска област на јужниот рт на Пиринејскиот полуостров.

Забраните се укинати, баровите и рестораните се отворени до два часот по полноќ, како и пред пандемијата. Шпанските телевизии доаѓаат на Гибралтар и разговараат со луѓе кои се чувствуваат ослободено.

„Можеби наскоро ќе можеме да живееме сосема како порано“, вели една келнерка.

ФОТО/Rochelle Beighton/CNN

Слично

Поврзани вести