Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прво магла, сега снег, откажани над 100 летови во Пекинг

Прво магла, сега снег, откажани над 100 летови во Пекинг

Поради силните снежни врнежи, управата на аеродромот во Пекинг„Шоуду“ беше принудена да откаже над 115 летови.

Само за расчистување на замрзнатите писти мобилизирани се над 800 аеродромски службеници и 200 машини за чистење снег.

Во меќувреме продолжуваат врнежите од снег во северните и североисточните делови на Кина, додека во централните и источните реони, од утре почнуваат поројни дождови, прогнозираат метеоролозите.

Изминатата недела пак Пекинг се бореше со густата магла и загадување на воздухот. Беа затворени поголем број фабрики, редуцирани автомобилите, а на граѓаните им се советуваше да останат во своите домови.
Слично

Поврзани вести