Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ЈА ПОКОСИЛ ЖЕНАТА НА УЛИЦА, А ПОТОА ВЛЕТАЛ СО АВТОМОБИЛОТ ВО КАФУЛЕТО: Стравична глетка во Париз, има мртви и повредени

ПРВО ЈА ПОКОСИЛ ЖЕНАТА НА УЛИЦА, А ПОТОА ВЛЕТАЛ СО АВТОМОБИЛОТ ВО КАФУЛЕТО: Стравична глетка во Париз, има мртви и повредени

Најмалку едно лице загина, а 6 се повредени синоќа во Париз кога автомобил влетал во летната терасата на едно кафуле. Полицијата трага по осомничениот.

Инцидентот се случил околу 23 часот во 17 -тиот округ на француската престолнина, објавија локалните медиуми.

Наводно, автомобилот удрил во градината на кафулето по судир со друго возило. Повикувајќи се на полициски извори, медиумите наведуваат дека возачот побегнал од местото на несреќата.

Патникот во автомобилот е повреден и е во тешка состојба.

Очевидци наведуваат дека автомобилот најпрво ја покосил жената која ја минувала улицата, а потоа влетал во летната тераса на кафулето каде што седеле гостите.

Полицијата на Твитер објави дека спроведува истрага.

Foto: Printscreen/Twitter

Слично

Поврзани вести