Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ГИ УБИЛ ДЕЦАТА, ПОТОА ИЗВРШИЛ САМОУБИСТВО! Детали за масакрот што го потресе светот

ПРВО ГИ УБИЛ ДЕЦАТА, ПОТОА ИЗВРШИЛ САМОУБИСТВО! Детали за масакрот што го потресе светот

Полицијата во Јута соопшти дека Мајкл Хајт (42) убил седум членови од своето семејство, а потоа извршил самоубиство.

Во јужна Јута во една куќа беа пронајдени седум тела, а пет од седумте убиени се деца! Ова страшно злосторство ги потресе Соединетите Американски Држави, а полицијата со истрага утврдила дека мажот по име Мајкл Хајт (42) ја убил сопругата Тауша Хит (40), нејзината мајка Гејл Ерл (78) и неговите деца, од кои пет на возраст од 4 до 17 години, пишува американски „NBC News“.

На крајот на декември 2022 година, убиената сопруга Тауша Хијт поднела барање за развод. Официјални лица велат дека не се верува дека тоа е причината за масакрот во Јута. Според истрагата, Мајкл Хајт извршил самоубиство откако ги убил седумте члена на неговата фамилија.

„Истражителите веруваат дека нема други осомничени. Сите докази сугерираат дека осомничениот си го одзел животот откако убил седум лица во домот“, се вели во полициското соопштение.

Градоначалникот на Енох, Роб Дотсон, рече дека заедницата е потресена од веста за седумте тела и дека сите тие се членови на познато семејство во јужниот град Јута. Тој даде кратка изјава во средата навечер, веднаш откако дозна за ужасниот масакр.

„Многу од нас отидоа на црковни служби со нив во заедницата, децата одеа на училиште со нив“, рече Дотсон во видео изјавата.

Слично

Поврзани вести