Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ, ПА ФАЗА 2: Некои европски земји го враќаат животот во нормала

ПРВО ДРАСТИЧНИ МЕРКИ, ПА ФАЗА 2: Некои европски земји го враќаат животот во нормала

Поедини земји во Европа, полека го враќаат нормалниот тек на животот. Австрија му покажува на светот на кој начин се укинуваат постепено вонредните мерки и живото се  става во нормала. Следната недела ќе бидат отворени продавниците и трговските центри, а потоа и кафулињата. Сепак, најновите бројки од Шпанија и Франција, но и Велика Британија, која само за едно деноноќие потврди речиси 1.000 починати, покажуваат дека патот до конечно решавање на пандемската криза и натаму е долг. Токму затоа владите на многу земји се уште ги замолуваат своите граѓани за трпение и да се придржуваат на рестриктивните мерки за изолација.

И Светската здравствена организација предупредува дека постои опасност од предвремено ублажување на мерките.

-Не е се уште време да се намалуваат рестриктивните мерки кои ги воведоа владите. Се уште е долг патот во овој маратон, и ниту една земја сама на може да се избори со пандемијата, ниту да ја запре. Таа борба мора да биде меѓународно усогласена, изјави Ханс Клуге, претставникот на СЗО за Европа.


Слично

Поврзани вести