ПРВО ДА СЕ СПАСУВААТ ВАКЦИНИРАНИТЕ - доколку во Тексас снема кревети, еве кој ќе добие предност при лечењето
Доколку во Северен Тексас почне да снемува кревети на интензивна нега, лекарите можеби ќе треба да го земат предвид статусот на вакцинација против коронавирус како фактор во одлучувањето кој прв ќе биде згрижен, објави Форбс.
Веста доаѓа во време кога повеќето американски држави на југот, особено оние со пониско ниво на вакцинација, бележат нагло зголемување на бројот на новозаразени и хоспитализирани. Во некои од нив, нема повеќе слободни кревети во единиците за интензивна нега, поради што се одложуваат многу медицински процедури поврзани со ковид-19. Капацитетите на некои болници надминаа 100 отсто, па пациентите се сместени во кревети во ходниците.
Здравствените власти се надеваат дека ќе избегнат ситуација кога треба да им дадат приоритет на вакцинираните, но постои загриженост дека тоа станува поверојатно.
Логиката според која се водат лекарите е претпоставката дека вакцинираните луѓе почесто преживуваат, што значи дека со давањето приоритет за нив ќе спасат повеќе животи.
