Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИТЕ ЖРТВИ СЕ ПОГРЕБАНИ: Расте „црниот“ биланс во Мароко

ПРВИТЕ ЖРТВИ СЕ ПОГРЕБАНИ: Расте „црниот“ биланс во Мароко

Расте „црниот“ биланс во Мароко по земјотресот кој ја погоди земјата во петокот. 

Сега има над 2.600 жртви. Спасувачките екипи деноноќно работат на пронаоѓање евентуални преживеани под урнатините. Во земјата е прогласена тридневна национална жалост.

Особено е критично во ридската дивина на планинскиот масив Атлас, југоисточно од градот Маракеш. Во модерните градски населби, зградите направени од стакло и бетон,  преживеаја силен потрес од 6,8 степени според Рихтеровата скала. Но, таму каде што дното е направено од кал и камења, не е така. Во провинцијата Ал Хауз, каде беше епицентарот, ситуацијата е апокалиптична.

По 24 часа извлечен е жител на село од кое останале само урнатините. Првите жртви се веќе погребани. 

Маракеш е  туристичка дестинација. Овој град секојдневно има околу седумдесет летови. По земјотресот туристите масовно заминуваат. Во текот на годината во Мароко се очекуваа 13 милиони туристи, меѓу кои и над 4 милиони Французи. 

foto EPA-EFE/JALAL MORCHIDI

Слично

Поврзани вести