ПРВИТЕ ВИДЕА ОД УЧИЛИШТЕТО ВО ХАМБУРГ – ХЕЛИКОПТЕРИ ГО НАДЛЕТУВААТ: Вооружени специјалци ги бараат учениците кои се закануваат со пиштоли
Многу тензична
ситуација моментално се одвива во Хамбург, каде е евакуирано училиште по дојава
дека во зградата има вооружени лица. Улиците околу училиштето се опколени со полициски хеликоптери кои кружат
над зградата додека полицајците трагаат по двата ученика.
Според неофицијални информации, како што информира Bild.de, наводно двајца ученици дошле вооружени во училиштето и и се заканувале на наставничката со пиштол.
NOW - German police units storm a school in Hamburg after a teacher was reportedly threatened with a gun.pic.twitter.com/8G7PJ7drg7
— Disclose.tv (@disclosetv) November 8, 2023
По добиените дојави за инцидентот, специјалните полициски единици опремени со автоматски пушки брзо реагираа и ја опколија училишната зграда за да спречат натамошна ескалација на ситуацијата. Полициски службеници во моментов се внатре во училиштето и интензивно трагаат по двајцата осомничени сторители, кои биле видени во училишната зграда.
Заради безбедност, учениците се евакуираат од училиштето. Оваа брза и одговорна реакција на надлежните има за цел да ги заштити животите и безбедноста на сите присутни на теренот на училиштето.
