Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првите тела на настраданите патници „Ер Азија“ префрлени на аеродром

Првите тела на настраданите патници „Ер Азија“ префрлени на аеродром

Првите две тела од авионот  „Ер Азија“ кој паднал во Јаванското море се префрлени денеска во индонезискиот град Сурабаја, каде чекаат роднините на жртвите.

Авионот „ербас A320-200“ со 162 патници и членови на екипажот исчезнал од радарот во текот на летот од Сурабаја кон Сингапур во неделата на 28 декември.

 Претставник на индонезиската агенција за истрга и спасување Татанг Заенундин изјавил дека е пронајдено едно тело кое имало спасувачки елек на себе за спасување.

„Утрово пронајдовме четири тела, а едно од нив носеше елек за спасување“, рекол  Заенундин.

Досега се пронајдени вкупно седум тела, а претставниците велат дека потрагата ја отежнуваат лошите временски услови.

Операцијата на потрагата и спасувањето го предводи Индонезија, бидејќи авионот исчезнал во зона на нејзина одговорност, а им помагаат Малезија, Јужна Кореја и Сингапур.

Слично

Поврзани вести