Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

На социјалните мрежи се појавија првите снимки од авионот Боинг 777-300ЕР, кој беше фатен во силни турбуленции за време на летот од Лондон до Сингапур.

Во авионот се гледаат расфрлани работи, додека на аеродромот се паркирани амбулантни возила, а надвор има бројни медицински лица.

Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени на летот од Лондон до Сингапур кој го погодија силни турбуленции, јави авиокомпанијата, пренесува Би-би-си.

Авионот „Боинг 777-300ER“ кој летал за Сингапур бил пренасочен кон Бангкок и слетал во 15:45 часот по локално време.

Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се наведува во соопштението на Сингапур ерлајнс, кое изразува сочувство до семејството на починатиот.

Сингапур ерлајнс соопшти дека работи со локалните власти во Тајланд за да обезбеди итна медицинска помош и дека испраќа тим во Бангкок за да обезбеди дополнителна помош.

„Наш приоритет е да им обезбедиме секаква можна помош на сите патници и членови на екипажот во авионот“, се наведува во соопштението.

Сè уште не е целосно јасно што точно се случило во авионот. Дописникот на Скај њуз од Азија известува дека има некои индикации дека авионот удрил во воздушен џеб пред итно слетување.


Турбуленциите се вообичаени на летовите, но сериозните инциденти како овој се ретки, а турбуленциите обично не се загрижувачки.

Понекогаш може да се предвидат, а познато е дека пилотите комуницираат едни со други користејќи радар за да ги предупредат другите, но турбуленциите исто така може да се појават одеднаш. Иако е привремен феномен, може да се случи секаде и под какви било услови.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести