Првите Сиријци со авион стигнаа во Германија
Првите Сиријци денеска со авион од Истанбул стигнаа во Германија, согласно договорот кој го имаат Европската унија и Анкара за стопирање на неконтролиран прилив на бегалци во Европа.
Вкупно 16 сиријски бегалци, азиланти слетаа во северниот германски град, Хановер по што ќе бидат транспортирани во центар за бегалци на 140 км оддалеченост, потврдуваат од Федералната германска управа за бегалци.
Втората група Сиријци се очекува да пристигне во Хановер попладне.
Во склад со договорот меѓу Брисел и Анкара, во Турција стигна првиот траект со мигранти кои се вратени од Грција. Во Дикили утрово околу 9.20 часот дошле неколку десетини патници.
Според договорот, Туција ќе ги прими сите бегалци и мигранти кои илегално влегле во Грција, и Сиријците, во замена за прифаќање на илјадници сиријски бегалци од Турција. За ова Турција ќе биде наградена со финансиска помош, безвизен режим и преговори за членство во ЕУ.
Се планира до среда од Грција во Турција дневно да бидат враќани по 250 луѓе.
