Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИТЕ РУСКИ ПАСОШИ СЕ ИЗДАВААТ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ХЕРСОН - За нас започнува нова ера

ПРВИТЕ РУСКИ ПАСОШИ СЕ ИЗДАВААТ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ХЕРСОН - За нас започнува нова ера

Русија ги издаде првите пасоши на жителите на Херсон, град во јужна Украина окупиран од руските воени сили, јавуваат руските медиуми.

Агенцијата Тасс наведува дека 23 жители на Херсон добиле руски пасош на посебна церемонија како дел од „поедноставената процедура“ овозможена со декрет потпишан од рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на мај.

- Сите жители на Херсон сакаат да добијат пасош и руско државјанство што е можно поскоро. За нас започнува нова ера... Ова е најважниот документ што човек го има во животот - рече Владимир Салдо, шеф на проруската администрација во областа, по церемонијата за пасош за РИА Новости, пренесува „Курир.рс“.

Проруските власти во Херсон објавија дека го објавиле датумот на издавање на првите пасоши за да се совпадне со прославата на Денот на Русија, 12 јуни. На тој ден Русите го слават прогласувањето независност на земјата.

Регионот Херсон беше речиси целосно освоен од руските сили на почетокот на конфликтот.

Указот издаден од Кремљ, кој ги овластува проруските локални власти да издаваат пасоши на жителите, се однесуваше и на регионот Запорожје, кој е делумно контролиран од Москва.

Украина ја осуди оваа специјална процедура, нарекувајќи ја „флагрантно кршење“ на нејзиниот територијален интегритет.

- Указот на рускиот претседател е правно ништовен и нема да има никакви последици“ врз „украинското државјанство на жителите на областа што беше привремено окупирана од Русија“ - соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Слично

Поврзани вести