Првите луѓе на Ватиканската банка си поднесоа оставки
Генералниот директор на Ватиканската банка Паоло Циприани и неговиот заменик Масимо Тули поднесоа оставки на своите функции, по финансискиот скандал што се прошири низ Ватикан.
Челниците на банката си поднеле оставка по апсењето на сметководителите на Ватикан – епископот Скаранс кој имал блиски врски со банката,пренесува Ројтерс.
Нивните оставки пристигнуваат само неколку дена, откако папата Францис основаше посебна комисија која го истражува работењето на банката, по минатонеделното апсење на монсињор Нунзија Скарана, италијански свештеник од Салерна, вработен во ватиканската финансиска управа каде е осомничен за обид за криумчарење на 20 милиони евра од Швајцарија во Италија.Се смета дека тој е блиско поврзан со Ватиканската банка.
За вршител на должноста на генерален директор поставен е претседателот на банката Ернст вон Фрејберг, а во банката наскоро би требало да вработат и директор за ризици чија главна задача ќе биде, банката да ја доведе во ред.
Кипријан, заедно со тогашниот претседател на Банката од 2010 се под истрага за кршење на италијански правила за борба против перење пари откако финансиската полиција заплени 23 милиони евра од една банка во Ватикан.
Тогаш против никого не беше покренато обвинение, а подоцна парите се деблокираа.
Сепак, Ватиканската банка остана под контрола на јавниот обвинител, а папата Францис изрази загриженост дека Банката се користи како оф-шор “даночен рај”.
