Првиот тест за пазарот на обврзници за 2016 година привлече речиси 16 милијарди долари
Американски и европски компании привлекле 15,8 милијарди долари во вторникот во првиот тест за американските пазари на капитал од почетокот на годината, откако турбуленциите на кинеските финансиски пазари го затворија примарниот пазар во понеделникот, објави „Financial Times“.
Осум компании и банки тргуваа на пазарот со нови предлози за обврзниците во првото американско издавање за новата година.
Предлозите вклучуваат трансакции за неколку милијарди долари од „Walt Disney“, „Ford Motor Credit“, „Citigroup“, „Santander UK“ и „Barclays“ што доведоа до најфрекфентниот ден од речиси еден месец откако „Visa“ го продаде долгот за 16 милијарди долари во почетокот на декември.
Продавањето на кинеските пазари на капитал, предизвикано од незадоволителните производствени податоци се рашири на глобалните берзи во понеделникот, а главните капитални индекси во САД и Европа потонаа поради обновените стравувања за економијата на земјата.
„Кина очигледно се одразува на пазарот во однос на пристапот на издавачите, но она што го видовме во понеделникот беше надминување на пазарот на капитал од кредитниот“, изјавил Тод Махони, шеф на одделот за фиксен приход за Америка во „UBS“. „Тоа им даде на издавачите самодоверба да се тестираат на пазарот иако следниот ден, во кој капиталните финасии повторно паднаа“.
Постепено враќање на компаниите кон пазарот ја нагласува воздржаноста на инвеститорите по предизвикот за 2015 година, кога американските корпоративни обврзници со инвестиционен рејтинг забележаа пад од 0,7%, покажуваат индексите на „Barclays“.
Аналитичарите и банкарите во вторникот изјавиле дека сепак очекуваат зголемената профитабилност на корпоративниот долг со висок рејтинг да ги привлече менаџерите кон нови трансакции во наредните недели и покрај последните излезни текови.
Стратези од „Bank of America Merrill Lynch“ оценуваат дека американскиот пазар е со висок рејтинг и сега формира три четвртини од глобалната добивка од корпоративниот принос во однос на 50% во 2011 година. Приносот на долгот со висок рејтинг се зголеми до 3,66% од 2,84% минатиот април.
Трансакциите во вторникот вклучуваат понуда за 3 милијарди долари од „Disney“ во пет транши со рок на достасување, кој се движи од 3 до 30 години.
Американската компанија зад „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ нуди 1 милијарда долари во 10-годишни обврзници со купон од 3% и принос од 3,05%, што е за околу 80 базични поени над реперот на Министерството за финансии, тврди запознаен извор.
Банкарите биле во можност да ја зајакнат првичната цена со индикации порано во трговијата, со што 10-годишниот долг на крајот се продал со принос под последната понуда за обврзници на „Disney“ во септември.
„Barclays“ привлекла 4 милијарди долари со 5- и 10-годишни обврзници, најголемата понуда на денот, додека „Citi“ има продадено 10-годишни обврзници за 2 милијарди долари.
Џуди Лури, корпоративен кредитен аналитичар на „Janney Montgomery Scott“, очекува неколку натоварени дена со издавање на долг пред стартот на сезоната на извештаите во САД, кога многу компании не сакаат да го прават тоа.
Лури додава дека инвеститорите поставуваат кон можните флуктуации на нестабилноста, кога компаниите ќе влезат на пазарот.
„Ќе видиме уште спорадично издавање, слично на она во 2015 година, кога имавме периоди со многу издавање и периоди во кои пазарот беше тивок“, додава таа.
