Економија, финансии, бизнис

Контакт

Првиот лет на првиот кинески патнички авион ќе биде пролонгиран

Првиот лет на првиот кинески патнички авион ќе биде пролонгиран

Според Стопанската авионска корпорација на Кина (COMAC) првиот лет на првиот кинески авион со капацитет 168 патници  кој беше закажан за 2014-та година ќе биде пролонгиран.

Тоа веројатно ќе го одложи и ставањето во функција на овие авиони, што беше предвидено да се случи во 2016-та година, па така најверојатно е тоа да се случи во 2018-та или 2019-та година.

Всушност еден од проблемите е тоа што на авиокомпаниите во Кина и странство ќе им биде потребен период меѓу две и три години, за да бидат сертифицирани новите машини како погодни за летање според меѓународните стандарди. На крајот на 2012-та година 15 компании, повеќето кинески, изразија подготвеност да купат 380 примероци од овој вид машини.

Бурниот економски развој на Кина вроди со голема побарувачка на авиони, бидејќи зголемените приходи на населението го стимулираат растот на авиосообраќајот. Според проценките на „Bieing“ во наредните две децении Кина ќе има потреба од нови 5.260 патнички авиони.

Од „COMAC“ велат дека авионите ќе имаат „кинески карактеристики“, но за клучните елементи, вклучувајќи ги моторите, ќе се потпираат на туѓа технологија. Со овие машини кинезите се надеваат дека ќе ги предизвикаат авиогиганти како „Airbus“ и „Bieing“.

Слично

Поврзани вести