Првиот човек на Европската централна банка – најдобро платен функционер во ЕУ
Претседателот на Европската централна банка Марио Драги е најдобро платен функционер во Европската унија, покажа истражувањето презентирано од бриселскиот магазин European voice.
Неговата месечна плата изнесува 31.177 евра. Годишно, тој заработува 374.124 евра, што е за 20% повеќе од платата на Ангела Меркел, канцеларката на најмоќната европска економија - Германија. Во истовреме, платата на Драги е 27% повисока отколку платата на најдобро платениот функционер на Обединетите нации, генералниот секретар на светската организација Бан Ки-мун.
Европските комесари и членови на Европскиот суд на правдата, пак, имаат месечни примања од 21.275 евра или годишна плата од 255.300 евра.
Платата на британскиот премиер Дејвид Камерон годишно изнесува 173.323 евра што е за 34 проценти пониска од платата на европските комесари.
Слично
