Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИОТ БРОД ЗАМИНА ОД МАРИУПОЛ: Го напушти пристаништето придружуван од руската флота

ПРВИОТ БРОД ЗАМИНА ОД МАРИУПОЛ: Го напушти пристаништето придружуван од руската флота

Првиот брод што влезе во Мариупол по завршувањето на борбите во овој украински град го напушти пристаништето со метален товар, соопшти за ТАСС прес-службата на Јужниот воен округ на Русија.

Бродот натоварен со метал го напуштил пристаништето придружуван од артилерија на руската Црноморска флота и патролни антидиверзантски чамци, се наведува во соопштението.


Планирано е бродот да достави товар до Ростов на Дон.

Претходно претставник на управата на пристаништето за ТАСС изјави дека е отворена и подготвена да прифаќа бродови.

Да потсетиме, бродот заплови во пристаништето на 27 мај за да го натовари металот и да го пренесе на исток до Русија, што официјален Киев го опиша како грабеж.

По тој повод говореше и Људмила Денисова, украинскиот омбудсман за човекови права.

- Продолжува грабежот на привремено окупираните територии на Украина. По кражбата на украинското жито, окупаторите прибегнаа кон извоз на метални производи од Мариупол - напиша таа на платформата Телеграм.

Фото: Принскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести