ПРВИОТ БРОД СО УКРАИНСКО ЖИТО ЌЕ ИСПЛОВИ ОД ОДЕСА: Русија ги прераспоредува силите во јужна Украина
Русија веројатно прераспоредува значителен број свои војници
од северниот дел на Донбас во јужниот дел на Украина, проценува британското
Министерство за одбрана.
Според нив, Русија во последните четири дена продолжила со обиди за тактички напади на оската Бахмут, североисточно од Доњецк, успевајќи да постигне бавен напредок.
Оттаму, тие заклучуваат дека Русија најверојатно ги прилагодува операциите на својата офанзива во Донбас откако не успеа да направи одлучувачки оперативен пробив според планот што го следеше од април.
Сепак, во вакви услови, наскоро, односно денеска во 8.30 од Украина ќе исплови првиот брод со жито.
-Првиот брод со жито ќе тргне од Одеса за околу еден час, соопшти турското Министерство за одбрана.
Ukrayna limanlarından ilk gemi bugün saat 08.30 da hareket edecektir.#MSB pic.twitter.com/vi18ggoyAg
— T.C. Mill Savunma Bakanlıı (@tcsavunma) August 1, 2022
