Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ЗАРАЗЕНИ МИЛЕНИЦИ ВО САД: Две мачки во Њујорк се болни од Ковид-19

ПРВИ ЗАРАЗЕНИ МИЛЕНИЦИ ВО САД: Две мачки во Њујорк се болни од Ковид-19

Две мачки се првите миленици во САД кои се позитивни на коронавирусот, објави денеска американскиот Центар за контрола и превенција на болеста.

Ветеринарите велат дека милениците се од различни делови на Њујорк, имаат лесни респираторни проблеми и се очекува во наредните два три дена целосно да се опорават. Од Центарот за контрола и превенција на болеста истакнуваат дека нема докази дека домашните миленици имаат улога во ширењето на вирусот и во овој момент не препорачуваат ритинско тестирање на животните. Советите упатени кон сопствениците на домашни миленици се: мачките да остануваат во домот, а кучињата да се шетаат на поводник на пропишаната далечина од останати луѓе и животни. 

На крајот на март за Фактор ветеринарите потврдија дека иако многу нешта се уште се анализираат, тоа што треба јавноста да го знае е дека Ковид-19, животните не може да го пренесат на луѓето, но сепак на тестот за корона вирус, односно Ковид-19, домашните миленици може да бидат позитивни. 



Слично

Поврзани вести