Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Куба вакцинира деца од 2 години, но вакцината не е одобрена од СЗО

ПРВИ ВО СВЕТОТ:  Куба вакцинира деца од 2 години, но вакцината не е одобрена од СЗО

Куба ги вакцинира децата од две години, иако нивната вакцина не е одобрена. 

Таа е првата земја во светот која вакцинираше деца на возраст од две години и постари со вакцина против коронавирусот, користејќи домашна вакцина која се уште не е одобрена од Светската здравствена организација. Во централната провинција Сиенфуегос вчера започна распределбата на вакцините за деца на возраст од 2 до 11 години.

Државата со 1,2 милиони жители има намера да ги вакцинира сите деца пред повторно отворање на училиштата, од кои повеќето се затворени од март лани. Новата учебна година започна вчера, но часовите се одржуваат преку телевизиски програми,  затоа што повеќето кубански домаќинства немаат пристап до Интернет.

По завршувањето на клиничките испитувања врз малолетници со вакцините Абдал и Соберан, Куба во петокот започна кампања за вакцинирање на деца на возраст од 12 години и постари. Куба регистрира 5.700 починати од корона, од кои скоро половина се во последниот месец. 

Кина, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела објавија дека планираат да ги вакцинираат и помалите деца, но тоа уште не го сториле. 

Инаку, Куба испрати лекари во многу земји во светот, со цел да помогне во борба со пандемијата. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести